SKOLEKS СО ЈУБИЛЕЈНА ПРОМОЦИЈА ОД 19.08.2013 г. / 19.08.2013

 Почитувани клиенти,

Како дел од групацијата LEKS, фирмата SKOLEKS DOO има задоволството да Ви се претстави со специјална јубилејна промотивна брошура, посветена на 15-годишниот јубилеј на успешното партнерство помеѓу лидерот во производството на аспиратори FABER и неговиот ексклузивен претставник за Балканот - LEKS GROUP.

Новата проширена промоција на SKOLEKS влегува во сила од 19.08.2013 г. и ќе ги провоцира како познавачите на класичниот инокс, така и следбениците на модерниот Black & White ентериер со повеќе од 40 нови модели на аспиратори, уреди за вградување и садопери со атрактивни попусти на крајните цени. Сега изборот на дизајнерски комплет од аспиратор, плоча и фурна по прифатлива цена во црно-бела гама е полесен од било кога. Збогатената гама на иноксни и композитни садопери и новите исклучително атрактивни цени на вградливите машини за садови исто така нема да ве остават рамнодушни.

И тоа не е сè ... Новиот оддел "ДЕБИ НА МЕСЕЦОТ" претставува единствената од ваков вид вградлива машина за садови модел DW15V-AAA-9 од Eurolux, која се одликува со нова генерација оптимизиран ентериер и можност за полнење до 15 комплети садови при стандардни надворешни димензии. Ексклузивен модел кој заштедува и до 20% електрична енергија со енергетска класа А + + , а има и други бројни предности, меѓу кои и иновативна трета кошница за миење на различен прибор за јадење и мали шољи за кафе.

Размислувано е и за секој оној, кој внимава на високиот стил во кујната - одделот "НОВИ ПРОИЗВОДИ СО АТРАКТИВНИ ЦЕНИ" импресионира со 12 нови предлози од палетата на аспиратори, фурни и плочи за вградување под брендот Eurolux, кои се одликуваат не само со високи технологии и модерен дизајн, но и со атрактивни цени без аналог.

Како и до сега, клиентите, кои ќе купат комплет од аспиратор, плоча и фурна по избор како од познатите, така и од новите атрактивни модели на Faber, Eurolux и Lino, ќе добијат автоматски и целосна 5-годишна гаранција OPTIMUM за секој електричен уред од комплетот. Со секој купен комплет, корисниците ќе добијат и лична VIP карта со 5-годишен рок на валидност за експресно сервисирање на територијата на целата земја од специјализираниот сервис на SKOLEKS - Service. Предност е и можноста за дополнително купување на апарати со полна 5-годишна гаранција OPTIMUM за целиот период на важност на личната VIP картичка.

Со новата промоција можете да се запознаете овде, во луксузните специјализирани салони на SKOLEKS, во луксузните специјализирани салони на овластениот дистрибутер ЕЛЕКТРО ПРОМЕТ и во специјализираните салони за мебел и кујни на целата територијата од Р. Македонија.