Нова генерација системи за намалување на бучавата од Leks Group / 30.11.2011

Leks Group ја затвора и последната страница од историјата на бучните аспиратори, претставувајќи го системот COMPAIR FLOW 150 - завршен елемент со кој бесшумното прочистување на воздухот во кујната веќе станува реалност.
Патентирана од германската компанија NABER, COMPАIR FLOW 150 е воздушен систем од новата генерација, кој се разликува од сите други по:
- Намалување на губењето на притисокот, со што се обезбедува оптимален проток на воздух и значително намалување на нивото на бучавата
- Максимална ефикасност дури и при подолги должини на воздушните водови
- Олеснување работата на моторот на аспираторот, што придонесува за подолг работен век
- Постигнување на помала потрошувачка на електрична енергија и одлични показатели дури и кај   најмоќните модели на аспиратори
- Докажано помала турболенција и идеална отпорност на целиот систем
- Компактни димензии, мала монтажна висина и подобар естетски изглед
- Германски квалитет на сите компоненти, гарантиран со името NABER
Детални информации за предностите на COMPАIR FLOW 150 можете да најдете тука.

Специјално изработениот нов дел на сајтот Системи за намалување на бучавата исто така, исцрпно ги претставува елементите од системот COMPАIR FLOW, при што акцентот е ставен и на иновативните решенија, создадени од експертите на светскиот лидер Faber за најбесшумните аспиратори во светот.
 
Па, кој вели дека аспираторите денес задолжително се бучни?!