Дизајн достапен за секого / 09.09.2011

Следејќи ги последните трендови во опремувањето на модернта кујна, новата дизајнерска линија на аспиратори од LINO импресионира со три стилски модели, изведени во инокс со црно или бело стакло. Аспираторите се одликуваат со оптимален однос цена - дизајн - квалитет и визуелно се претвораат и оригинално се  истакнуваат во ентериерот меѓу веќе наметнатите кујни со лакирани и стаклени површини.
Благодарение на специјално проектираниот вертикален дизајн, Black&White аспираторите и нудат на домаќинката вистинска слобода на работење во зоната за готвење, обезбедувајќи чист воздух со ниско ниво на бучава. Сите модели од серијата се опремени со двотурбински мотор со висок број на вртежи, а во зависност од индивидуалните потреби, корисниците можат да изберат меѓу модели со сензорско  управување и периметрална аспирација или со контрола преку Soft пуш копчиња. Да го задоволат и најпребирливиот вкус, аспираторите имаат иновативни предности како што се функција "Чист воздух", индикатор за замастени филтри и тајмер за автоматско исклучување на уредот - спектар на можности кои придонесуваат за удобноста и комфорот во срцето на домот.

Новите Black&White аспиратори LINO можете да ги разгледате тука.