SKOLEKS УЧЕСТВУВА НА СКОПСКИОТ САЕМ НА МЕБЕЛ 2011 / 17.03.2011

Почитувани клиенти,

Од 22 до 27 март 2011 г.одна за време на Меѓународниот саем за мебел во Скопје, СКОЛЕКС Д.О.О. за прв пат ќе го претстави новиот трговски каталог на фирмата за 2011 г.

Сите посетители на изложбениот штанд на СКОЛЕКС во Анекс 2 ќе имаат можност да ги добијат актуелните информации како за новите дизајнерски аспиратори, уреди за вградување и садопери од Faber, Nardi, Eurolux и Lino, така и за новите атрактивни цени на производите, кои ќе  стапат  во сила од 01.04.2011 г.

Во рамките на саемот ќе биде ставен силен акцент и врз новата промоција на кујнските  електрични уреди, која СКОЛЕКС ќе ја започне на први април, кога сите клиенти ќе можат да добијат компетентна консултација за правилниот избор на најсоодветните  уреди за модерната кујна.