Првата индукциска плоча од Eurolux е факт / 17.08.2010

Во чекор со актуелните технолошки и дизајнерски тенденции во современата кујна, Eurolux ја претстави првата индукциска плоча од својата производна гама. Моделот PVVI TC4 / NF се карактеризира со низа функционални предности: 4 моментално загреани индукциски зони, сензорско управување, 9 степени на регулација, индикатор за заостаната топлина и прецизна Child Lock заштита.
PVVI TC4 / NFПлочата остава впечаток со тоа што топлината се генерира директно од дното на садот кој се користи, без расејување преку стакло керамичката површина. На тој начин, значајно се намалува потрошувачката на енергија во споредба со традиционалниот начин на нагревање. Индукциската плоча генерира топлина благодарение на индукцискиот грејач, кој се наоѓа под стакло керамичката површина. Грејачот создава магнетно поле на дното на садот, трансформирајќи го вртливиот момент во енергија, која го загрева. Интересен е фактот што стакло керамичката плоча не се загрева директно, туку од топлината, која се враќа и пренесува од користениот сад. Односно, таа топлина се користи како заостаната откако плочата веќе е исклучена.
Важно е да се има во предвид, дека индукциската плоча работи само со соодветни садови, кои треба да бидат емајлирани, направени од челик или челик со повисока содржина на железо.Садовите, изработени од челично-бакрени легури и со стаклено или алуминиумско дно, не се соодветни за употреба. Предности на индукциската плоча:
1. Минимална потрошувачка на енергија - одделните индукциски зони сами препознаваат дали врз нив е поставен сад, и се напојуваат со енергија само по димензиите на дното на садот и на тој начин штедат енергија;
2. Заштеда на времето - зоните се загреваат моментално, откако го препознале поставениот сад. Извршените тестови покажуваат дека индукциските зони на PVVI TC4 / NF загреваат 700 мл. вода над 100° С само за 3 минути;
3. Лесно чистење – во случај на прекипување доволно е садот едноставно да се помести и плочата да се избрише со влажна крпа, без опасност од загорување и без потреба од триење и стругање;
4. Максимална заштита – како резултат на принципот на работа на индукциската плоча и минималното загревање на стакло керамичката плоча, опасноста од изгореници е минимална;

Со своите високи технологии, конфорната употреба и економичност, новата индукцска плоча за градување на Eurolux е важен и неразделен дел од опремата на модерната кујна
.