Нова FEX линиja фурни од Eurolux / 16.08.2010

Само два месеца по официјално претставување, новата FEX линија фурни на Eurolux веќе се радува на исклучителниот интерес на териториите на сите земји, каде Лекс Груп работи. Моделите FEX 07C52 XS4, FEX 0761 XS4, FEX 4767 N/W и FEX 0737 N/W целосно се усогласени со последните функционални и ентериерски решенија и се карактеризираат со нова, подобрена огноотпорна комора, која обезбедува скоро 15% поголем капацитет и нуди EXTRA зафатнина, која достигнува до 59 литра. Мултифункционалните фурни се со беспрекорна терморегулација и со највисок степен на заштеда на енергија , што го прави готвењето во повеќе од задоволство. Дополнителна предност на моделите FEX 07C52 XS4 и FEX 0761 XS4 е и иновативното управување – комбинација од потонувачки Push копчиња и усовршен сензорски програматор,кој реагира на секој допир. За поголен конфор, внатрешноста на сите фурни од FEX линијата е покриена со Easy Clean емајл кој е издржлив на високи температури, многу мазен и лесен за одржување. Новите модели нудат и уште една сериозна предност – при монтажа нема потреба од вентилациски отвор во основата на кујнскиот шкаф, дури и кога фурната се монтира во низа.