ЕТ 10 од Ritter – прв од ваков вид / 25.01.2010

Точно пред 100 години потрошувачите ја имаа можноста да се запознаат со предностите на првиот тостер.

Во тоа време тостерите биле опасни за употреба, плочите се ваделе за да се избришат, а со тоа постоела опасност да дојде до изгореници на прстите.

Денеска човекот не може да ја замисли својата кујна без тостер. Денешниот тостер го има во сите форми, бои и со различни технички функции.

Инспирирани од последните иновативни технологии, експертите од германската компанија Ritter го претставија првиот високотехнолошки вградлив тостер во фиока на извлекување. Во тек со современите тенденции за “ сокриени “ и функционални апарати во модерната кујна, иновативниот тостер се инсталира лесно и брзо во стандардна фиока со широчина од 30 см, завзема минимален простор, а гарантира уживање од неговото користење.

ЕТ 10 има подвижен механизам и нуди разноврсни функции како степен на печење со LED индикација, размрзнување и подгревање, автоматско центрирање на тостираната храна и стоп копче. Безбедноста е загарантирана од топлинската изолација на телото од нерѓосувачки челик и функцијата за автоматско заклучување. Тостерот дава дополнителен комфорт по време на неговата употреба. Има вградената решетка за печење на франзели и лепчиња со округла форма. При чистење апаратот лесно може да се извади од фиоката без употреба на било какви додатни инструменти.