Да проговориме искрено за “ сокриениот “ аспираторот / 12.06.2009

Модерната кујна е се почесто отворена кон трпезаријата и дневната, обединувајќи го просторот во кој приготвуваме и конзумираме храна. Ова обединување се должи пред се на чистиот дизајн и скриеноста на апаратите. Соединувањето на кујната и трпезаријата е незамисливо без моќен аспиратор, кој што ги спречува миризбите и пареата од кујната да навлезат во просториите за одмор.

Од основно значење за оптимално прочистување на воздухот и комбинацијата со функционалните карактеристики на кујнскиот аспиратор – капацитет на аспирација и ниво на шум. За правилно да се одбере аспираторот, капацитетот на аспирација треба да се совпадне со површината на кујната. Ефективниот аспиратор овозможува комфортна атмосфера, со 10 промени на воздухот во времетраење од 1 час при ниво на шум не повеќе од 55dB(A).

Вградливите аспиратори на FABER и EUROLUX предлагаат голема разновидност од модели, соодветни како за големи така и за мали простори. Домаќинствата со кујни од околу 12m2 можат да се доверат на аспираторот FLEXA VITRO со капацитет на аспирација од 380 m3/h и двотурбински мотор. Другиот модел од серијата – FLEXA HIP, ефективно го прочистува воздухот во просторија од околу 16m2 и е со максимален капацитет о 500 m3/h. Семејствата, чии кујни се со површина од 20 до 25 m2 можат да изберат помеѓу моделите MAXIMA HIP и INCA PLUS HIP, кои имаат високообртен двотурбински HIP мотор до 700 m3/h капацитет на аспирација. Љубителите на големи отворени простори со површина од 30 - 40 m2 ќе бидат пријатно изненадени од работата на MAXIMA PRO. Аспираторот развива максимален капацитет од 900 m3/h и се одликува со двотурбински PRO мотор кој е изработен целосно од алуминиум. Двотурбинските мотори, со кои се снабдени сите модели на аспиратори, предложени од Лекс Груп, се последна генерација на моторни групи – исклучителен пронајдок на светскиот лидер FABER.

Голема предност на аспираторите FABER и EUROLUX е тоа што капацитетот на апсорбција се мери според стандардите на Европската унија IEC 61591, кој го следи реалниот капацитет на аспирација при самиот процес на работа на кујнскиот аспиратор. Во практика, освен капацитетот кој е измерен според меѓународен стандард, се користи уште и капацитетот на слободен излез и максималниот апсорбционен капацитет.
Овие мерки се теоретски и не можат да се користат при реалното користење на аспираторот.

Друга важна карактеристика при изборот на аспиратор е нивото на шум, кој што произлегува од апаратот. Истиот треба да биде измерен според меѓународниот стандард IEC 60704-2-13. Силината на шум, кој кујнските аспиратори реално ја сместуваат во процесот на работа, се мери во децибели и е различна при секој степен на аспирација.

За да си осигураат спокојство и тишина, корисниците треба да се информираат не само за нивото на шум на најнискиот степен на аспирација, туки и за децибелите, кои произлегуваат од секој следен степен. Единствено поставувајќи високи барања кон капацитетот на аспирација, моторната група, нивото на шум и дизајнот на кујнскиот аспиратор, домаќинствата можат да си гарантираат идеален спој од квалитет, комфорт и удобност во модерниот дом.