Нова рубрика “ Корисни совети “ / 01.10.2008

Почитувани клиенти,

 

За ЛЕКС ГРУП одговорноста кон клиентите не се однесува само на консултација и предлагање на електро апарати за Вашата кујна. Затоа, благодарение на придобивката од долгогодишното искуство во сферата на кујнското опремување, направивме на сајтот на фирмата нова рубрика Корисни совети .

Целта на оваа рубрика е да даде одговор на актуелните барања кои се поврзани со правилно и потполно користење на Вашите кујнски апарати.

Во новата рубрика ќе може да дознаете практични совети и корисни информации, кои се поврзани со монтажа, одржување и ефективно функционирање на аспираторот, фурната, плочата, машината за миење на садови и други електро апарати кои се наоѓаат во Вашиот дом.

Се надеваме дека советите на нашите консултанти ќе го претворат

користењето на апаратите од EUROLUX, FABER, NARDI и LINO во вистинско задоволство.