Leks Group и Faber:15 години лидерство на Балканот / 02.07.2013

На 01 јули 2013 гдина  Leks Group и Faber свечано  го прославија  15-годишниот јубилеј од започнувањето на свето успешно партнерство. 15 години на заедничка одговорност од двете компании за воздухот, кој стотина илјади семејства  на Балканот го дишат  секој  ден.
 
На  свечената прослава беше отворен  и новиот високо технолошки  трговски центар на Leks Group во Софија, кој претставува  уште еден  успешно реализиран проект од широката мрежа на сопствени  трговски центри и изложбени салони на Leks Group во Бугарија, Македонија и Србија. На официјалната програма на настанот присуствуваа : комерцијалниот  директор на Faber, Италија – г-н Рикардо Ремеди и неговиот  тим,  а исто така  и голем број официјални гости, меѓу кои  градоначалникот на  Општина Ботевград – г-н  Георги Георгиев, главниот секретар на Обласната администрација  на Софиската област – г-ѓа Маја Цанова и бројни  долгогодишни партнери на двете компании од  Бугарија, Македонија, Србија, Косово и  Русија.
"Многу е тешко да се задржи лидерството, бидејќи како во Италија, така и на Балканот секој втор аспиратор е Faber. Пред 15 години почнавме да ги адаптираме моделите кои нудат добар меѓусебен однос на цената и  квалитетот за овој регион. За среќа, со тоа успеавме да ја  придобиеме довербата на секторот за мебел  и во моментов на Балканот,  Faber веќе е синоним за производот аспиратор."- коментира г-дин Цветан Луканов, Претседател на Одборот на директори на Leks Group. Од компанијата додаваат дека најдоброто од партнерството меѓу Leks Group и Faber претстои: до крајот на годината, во рамките на специјалната програма поддржана од ОП Развој на човечки ресурси и Европскиот социјален фонд, вработените од  двете компании ќе учествуваат во бројни меѓународни обуки во Италија со цел иницирање на големата кампања за коректно информирање на потрошувачите за реалните работни параметри на кујнските аспиратори.

Leks Group и Faber  им се заблагодаруваат на сите свои вработени  и партнери, благодарение на кои во изминатите  15 години двете компании  ја пишуваат не само историјата и сегашноста,   туку и иднината на аспираторот  на Балканот.