ДОДЕЛЕНА НАГРАДА ЗА КВАЛИТЕТ ЗА ФАБРИКАТА BERBENTINA НА FABER / 01.08.2014

Италијанската фабрика Berbentina, во кој се произведуваат аспираторите Faber и Eurolux by Faber, трета година по ред ја доби Наградата за континуирано подобрување на квалитетот на групата Faber.

Високите стандарди за квалитет, минималниот отпад за време на производствените фази, одличните резултати во однос на ефикасноста и оптимизацијата на производствените фази и не на последно место, постигнувањето од 1700 дена без инциденти, што е апсолутен рекорд во секторот на електричните апарати: тоа се клучните фактори, благодарение на кои италијанската фабрика на Faber во Сасоферато  ги претекна  производствените фабрики на групацијата во Аргентина, Шведска и Турција.

"Секогаш зборував дека нашата фабрика треба да ги комбинира јапонската методичност, германската прецизност, американската  флексибилност и италијанската креативност и дух. Но заслугата за успехот  се должи пред се, на нашиот непроценлив човечки капитал, бидејќи квалитетот на фабриката одговара на квалитетот на луѓето кои работат во него. "- изјави  Ѓорѓо Роси, Директор на Berbentina.

Наградата за квалитет се доделува по деветти пат, а фабриката за производство на аспиратори Berbentina е нејзин носител веќе седум пати. Нејзиното доделување  се утврдува врз основа на конкретни цели за подобрување на претставувањето во однос на претходната година, во 8 категории: технолошки дефекти, вредност на отпадот од производството, потребата од техничка помош, интерни проверки, ефикасност, ниво на услуга, безбедност и еколошки  показатели